За Нас

Како дел од здравствениот систем на Република Северна Македонија лабораторијата од првиот ден на своето постоење работи со склучен договор со Фондот за Здравство на Р.С.М. нудејќи здравствени услуги кои се добиваат на товар на Фондот само со наплатена партиципација. Со тоа се овозможи скратување на долготрајните чекања за добивање на лабораториски услуги од примарна здравствена заштита, а понудата нудеше професионалност, стручност и љубезност.

Со тоа оваа организација многу ја олесни и потполни работата на многуте матични лекари кои се наоѓаат во непосредна близина за набрзо да ја стекне довербата на многу лекари кои своите пациенти ги упатуваат на лабораториски испитувања кај проверена и докажана лабораторија.
Првично почна да работи како општа амбуланта со биохемиска лабораторија, а во 2012 година отворена е уште една организациона единица – дијагностичка биохемиска лабораторија.

Дијагностичката лабораторија, која беше промовирана на 12. 07. 2012 година со локација во самиот центар на градот на ул. „Цане Василев‟ бр. 5, не само што ја потврди довербата на нашите колеги и на нашите пациенти туку понуди  поширока палета на анализи  со што ги доближи најновите методи на истражувања поблиску до потребите на пациентите во Битола, Прилеп, Кичево, Ресен и Демир Хисар.

Во склоп на здравствената установа работат следните единици:
– Општа амбуланта со еден доктор специјалист по семејна медицина и медицинска сестра, која нуди здравствена заштита од примарно здравствено ниво
– Биохемиска лабораторија со следниот кадар: 2 дипломирани инжeнери по применета хемија, 2 виши медицински лабораториски аналитичари кои пружаат лабораториски услуги пропишани со примарниот пакет на Ф.З.О;

– Дијагностичка биохемиска лабораторија со еден специјалист по медицинска биохемија; и еден виш медицински лабораториски аналитичар кои нудат сеопфатна и широка палета на лабораториски испитувања.

Корисниците на здравствените услуги можат да бидат сигурни дека во П.З.У. „Д-р Костурски” ќе ги добијата прецизно утврдените резултати благовремено, ќе им се овозможи стручно толкување на резултатите како и стручен совет околу изборот на анализите кои се неопходни за дијагностицирање на нивната здравствена состојба. Најчесто целиот овој процес го завршувате за неколку часа во текот на еден ден.

Она на што сме посебно горди Е НАШИОТ ПОТВРДЕН КВАЛИТЕТ за кој сведочат сертификатите на еминентните референтни лаборатории кај кои квалитетот на нашата работа го потврдуваме секој месец. Тоа се лабораториите на PREVECAL во Шпанија и INSTADT од Германија. Овие сертификати се доказ за нашата определба да понудиме точни, прецизни и квалитетни резултати.