ТОЧНО.СИГУРНО.БРЗО

Кога станува збор за пронаоѓање на одговори на Вашите прашања и добивање на резултатити, Костурски лаборатории се секогаш тука за Вас. Брзо, сигурно и точно. Изберете Костурски лаборатории.

Костурски лаборатории

Според поставените европски стандарди и со современа технологија и опрема на 08. 09. 2003 година започна со работа П.З.У. „Д-р Костурски – општа амбуланта со биохемиска лабораторија‟ во Битола. Сакајќи да ја продолжи долгогодишна плодна работа и традиција во лабораторијата, а со цел грижа за здравјето на жителите на градот и регионот М-р Д-р Сци. Никола Костурски ја создаде оваа здравствена установа која вработува тим кој е професионален, љубезен и одговорен кон работата и пациентите така овозможувајќи квалитет на понудените услуги. Да се обезбеди високо ниво на заштита на човековото здравје е прва цел и главна определба на оваа здравствена установа. Во согласност со овој пристап; очекувањата и задоволството на нашите пациенти се водат на највисоко ниво. Нашиот систем работи по принцип на континуирана едукација на персоналот, постојана ревизија и вложување напори за постојано подобрување на професионалната дејност, ова го гледаме како единствен правец на подобрување на нашата работа.


Веруваме дека има безброј неодгатнати прашања во врска со Вашето здравје, а првиот чекор кон сите тие одговори води кон лабораторија. Ние сме тука да Ви ги дадеме тие одговори со стручни толкувања на вашите резултати, ние сме само на чекор до Вашето здравје.

Нашиот тим

Нашиот тим го сочинуваат стручни лекари, специјалисти, магистри од областа на примарната здравствена заштита, медицинската биохемија и нуклеарната медицина.

Одговорноста во индивидуалната работа при извршување на секојдневните задачи ја носи поединецот, но на успехот се радуваме тимски сите заедно затоа што веруваме дека само тимската работа е стожер на нашиот високо рангиран профил во базата на здравствени установи во Р.С.М..